Skip to content

Повик за практикантска работа за млади Роми

2 min read

Article Language: MK

This article is published in Macedonian. You can use your browser's built-in translation or Google Translate to read it in your preferred language.

Translate Page

Објавува повик за ангажирање практиканти во компании, главната цел на практикантската работа е професионален развој на млади Роми кои ќе се стекнат со практично искуство и знаење за работата. Практикантите ќе бидат вклучени во…

Објавува повик за ангажирање практиканти во компании, главната цел на практикантската работа е професионален развој на млади Роми кои ќе се стекнат со практично искуство и знаење за работата.

Практикантите ќе бидат вклучени во секојдневните активности во компаниите, со можност за директно учење и практична работа со професионалци од различни области.

Практикантската работа е платена и финансиски поддржана од РЕДИ, согласно важечките законски прописи и буџетот на организацијата.

Практикантската работа ќе трае 3 месеци, со работно време од 4–8 часа дневно. Активностите ќе се реализираат во различни градови во зависност од потребите на партнерските институции и компании.

Одговорности и Активности

• Вклучување во секојдневните работни процеси во зависност од дејноста на компанијата/институцијата;

• Поддршка на тимот во административни, оперативни или организациски активности;

• Работа со документација, податоци и основни дигитални алатки (Excel, Word и сл.);

• Комуникација со клиенти, корисници или внатрешни тимови (во зависност од позицијата);

• Поддршка при реализација на проекти, активности или услуги на компанијата;

• Учество во тимска работа и стекнување практични работни вештини;

• Извршување на други задачи поврзани со работниот процес, согласно менторска насока.

Квалификации

  • Да биде активен студент или лице со завршено образование;
  • Предност ќе имаат кандидати со образование во областа на економија, финансии, банкарство, менаџмент, јавни политики, администрација или сродни области;
  • Основно или добро познавање на англиски јазик;
  • Познавање на Microsoft Office (особено Excel);
  • Да биде припадник на ромската заедница;
  • Организациски, аналитички и комуникациски вештини;
  • Подготвеност за учење, развој и преземање иницијатива;

· Одговорен и професионален однос кон работните задачи.

###

Лични вештини: самоиницијативност и одговорност, ориентирани кон резултати, фокусирани на постојано подобрување, грижа за квалитет, ефикасност и точност, приспособливост, самоуправување и развој, организациска адаптација, отворен за работа во различни средини, интегритет, лојалност и добра волја, дискреција, независност и доверба, почитување на различностите.

Критериуми за избор

Кандидатите ќе се избираат преку натпреварувачки процес врз основа на соодветноста на кандидатот, минатото искуство и мотивацијата. Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Како да аплицирате?

Апликациите може да се достават на македонски или англиски јазик.

Потребни документи:

  • CV – PDF или Word формат
  • Мотивациско писмо – PDF или Word формат (максимум 700 зборови)

Во мотивациското писмо потребно е да одговорите на следните прашања:

  • Како оваа практикантска работа ќе придонесе за вашиот личен и професионален развој?
  • Кои се вашите главни вештини и интереси?
  • Во кои области сакате дополнително да се развивате?
  • Дали имате претходно искуство релевантно за оваа позиција?
  • Како го гледате развојот на ромското претприемништво и вработување во вашата заедница?

📧 redimk@redi-ngo.eu

📍 Црвена Вода бр. 37, 1000 Скопје

📞 +389 76 260 605

Рок за аплицирање: 16.06.2026

NewsMK

Повик за соработка со компании за практикантска програма за млади Роми

Иницијатива за Економски Развој на Ромите (РЕДИ) објавува повик за соработка со компании, кои се заинтересирани да вклучат млади Роми во практикантска програма со времетраење од 3 месеци. Целта на програмата е да се поддржи професионалниот…

Read More
Donate