Повик за соработка со компании за практикантска програма за млади Роми
Article Language: MK
This article is published in Macedonian. You can use your browser's built-in translation or Google Translate to read it in your preferred language.
Иницијатива за Економски Развој на Ромите (РЕДИ) објавува повик за соработка со компании, кои се заинтересирани да вклучат млади Роми во практикантска програма со времетраење од 3 месеци. Целта на програмата е да се поддржи професионалниот…
Иницијатива за Економски Развој на Ромите (РЕДИ) објавува повик за соработка со компании, кои се заинтересирани да вклучат млади Роми во практикантска програма со времетраење од 3 месеци.
Целта на програмата е да се поддржи професионалниот развој и вработливоста на младите Роми преку обезбедување практично работно искуство, менторска поддршка и можност за понатамошно вработување.
Практикантите ќе бидат финансиски поддржани и платени од РЕДИ, согласно програмските и законските услови, додека компаниите и институциите ќе обезбедат практична работа, менторство и професионално насочување.
Што опфаќа програмата?
- Ангажирање практиканти во период од 3 месеци;
- Практична работа во реална работна средина;
- Поддршка и координација од страна на РЕДИ;
- Можност за идентификување и понатамошно вработување на млади и мотивирани кадри;
- Развој на инклузивни практики и поддршка на еднакви можности за младите Роми.
Обврски на компаниите и институциите
- Да обезбедат соодветна работна средина за практикантите;
- Да назначат ментор или одговорно лице за следење на практикантот;
- Да овозможат практично учење и вклучување во секојдневните работни активности;
- Да обезбедат редовна комуникација и координација со РЕДИ;
- Да ја разгледаат можноста за понатамошно вработување на практикантите согласно потребите и перформансите.
Профили на практиканти
Практикантите ќе бидат млади Роми, студенти или лица со завршено средно образование, заинтересирани за:
- финансии и банкарство;
- администрација;
- продажба и работа со клиенти;
- маркетинг и комуникации;
- претприемништво;
- дигитални и организациски вештини
- друго
Зошто да се вклучите?
Со вклучување во програмата:
- придонесувате кон економско зајакнување и вработување на млади Роми;
- добивате можност да работите со мотивирани млади кадри;
- ја зајакнувате вашата општествена одговорност и инклузивност;
- создавате потенцијал за долгорочна соработка и вработување.
Како да се пријавите?
Заинтересираните компании и институции кои сакаат да учествуваат во програмата потребно е да достават краток документ (изјава/писмо за интерес) во кој ќе ги наведат следните информации:
• број на практиканти што можат законски да ги вклучат во својата компанија;
• град(ови) каде што ќе се реализира практикантската работа;
• области и позиции на кои би биле вклучени практикантите;
• краток опис на условите и можностите за практикантска работа
• контакт лице од компанијата за понатамошна координација.
Документот може да биде во слободна форма и се доставува електронски на следната маил адреса:
Телефон за дополнителни информации:
📞 +389 76 260 605
Адреса:
📍 Црвена Вода бр. 37, 1000 Скопје
Рок за аплицирање: 31.12.2026
Related articles

130 Roma entrepreneurs complete REDI business training
The 2026 cohort closes with 130 entrepreneurs trained across Romania, North Macedonia and Serbia, and 90 businesses now digitalised and mentored.
- Entrepreneurs
- REDI Romania
Повик за практикантска работа за млади Роми
Објавува повик за ангажирање практиканти во компании, главната цел на практикантската работа е професионален развој на млади Роми кои ќе се стекнат со практично искуство и знаење за работата. Практикантите ќе бидат вклучени во…

REDI Recycling grows its collector cooperative in Skopje
The Skopje-based social enterprise of Roma waste collectors expands formal contracts, protective equipment and monthly income guarantees.
- Stories
- North Macedonia
